На 06 декември, 2022 г., неговото Високопреосвештенство г. Петар сослужуваше со неговото Високопреосвештенство г. Василиј, митрополитот на Антиохиската архиепископија за Австралија, Нов Зеланд и Филипините, на Божествената Литургија по повод чествувањето на свети Николај Мирликиски во црквата во Панчбаул во предградието на Сиднеј.
На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.