На 28 јануари, 2024 година, во 34-та Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на преподобниот Гаврил Лесновски и на преподобниот Прохор Пчински, во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија. Богослужеше протоереј – ставрофор Љупчо Каревски.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.