На 10 Ноември, 2019 година, во 21 Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светата великомаченичка Параскева Икониска, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Мелбурн, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
По литургијата во манастирскиот пикник простор се одржа традиционалниот „пикник за Македонија“ организиран од Егејскиот светски конгрес, а подржан од Светкиот македонски кокгрес и Советот на македонската заедница за Викторија.
Голема благодарност до организаторите кои што собраните средства од влезниците ги донираа како помош за манастирот.