Празникот на Свети Димитриј Мироточив Солунски прославен во Мелбурн во неговиот храм во Спрингвеал. На вечерната богослужба отслужена на 07.11.2023 година богослужеше архиерејскиот намесник Тоне Гулев, во сослужение на свештенството од Австралиско – Новозеландската епархија, а утредента на празникот Света и Божествена литургија отслужи парохискиот свештеник протоереј Миле Талески. Верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови, а потоа беа осветени славските дарови и извршен беше мал водосвет.
Свети Димитрије моли Го Христа Бога за нас грешните и испроси милост и спасение.