Свети Лука Кримски Лекар и Чудотворец кој го допира и раздвижува секое срце

1299

На малиот Илија му била дијагностицирана леукемија. Отец Сосипатрос, кој е вујко на малото момче, долги месеци бил покрај својот внук во болница во Атина заедно со неговиот собрат, отец Григориј. Здравствената состојба на неколкумесечното новороденче беше многу критична, а лекарите не им даваа голема надеж на роднините.

Отец Сосипатрос и неговите роднини се надеваа на Свети Лука Кримски и секојдневно ја пееја молитвата на Светиот надевајќи се на чудо. Верувањето во Свети Лука дека ќе интервенира уште еднаш чудесно конечно проработи и Светителот на чудесен начин покажа дека е присутен и дека ќе го излечи малиот Илија.

Отец Сосипатрос ни го раскажа прекрасниот настан: Малиот Илија имаше неколку месеци и лекарите му дијагностицираа леукемија. Заедно со отец Григориј работевме во смени во болницата каде што се лекуваше. Во пресрет на Успението на Свети Лука, отец Григориј ја напушти болницата доцна во ноќта да се одмори и ме остави на својата позиција. Откако седнав до малиот Илија и го гледав детето, почнав да му се молам на Свети Лука уште една ноќ…

Свети Лука, исцели го својот слуга Илија… Свети Лука, исцели го својот слуга Илија… Свети Лука, исцели го својот слуга Илија… но јас не успеав баш да ја завршам молитвата и ми заѕвони мобилниот телефон… тоа беше отецот, со радосен глас ми вели: Отец Сосипатре… Свети Лука пак го направи своето чудо!!

Што се случило. Кога излегол од болницата, се качил со такси за да го однесе до куќата во која живеел… непосредно пред да пристигнат во куќата, непознатиот таксист го прашал отец Григориј:

– Отец, дали си добро? Отец Григориј му одговорил: – Се е добро…

Таксистот, сепак, повторно упорно прашал:

– Отец, дали си добро?

Отец Григориј, не сакајќи да го продолжи разговорот со непознатиот таксист и мислејќи дека тој формално му го поставува ова прашање бидејќи сигурно го видел вознемирен, повторно остро одговорил:

– Се е добро!

И тогаш таксистот му рекол:

– Отец Григориј, ова дете за кое се грижиш, кое не е твое, ќе биде добро!

Отец Григориј за момент бил збунет и обраќајќи му се на странецот го прашал:

-Како знаеш за детето? За мене? За се ова?

Таксистот му одговорил:

-Не прашувај многу отец… знај го ова, дека детето за кое се грижиш, а не е твое, ќе биде добро!

Со овие зборови таксистот застанал и отец Григориј шокиран му ги дал парите на непознатиот кој знаел сè.

Таксистот ги зел парите, го дал кусурот и исчезнал.

Не знам дали овој таксист беше Свети Лука или дали Светиот зборуваше преку овој човек, она што го знам е дека малиот Илија од таа ноќ и од тоа време започна да станува се подобар и подобар… Свети Лука Кримски го излечи!

Малиот Илија е уште едно живо чудо на Свети Лука Кримски Лекар и Чудотворец кој го допира и раздвижува секое срце!!!

преземено од: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com

Previous articleАкатист кон Свети Лука Кримски – испеан во неговиот параклис во манастирот Донибрук
Next articleАкатист кон Свети Нектариј Егински – испеан во неговиот параклис во манастирот Донибрук