Светол Петок и Празникот Пресвета Богородица – Живоносен Извор во манастирот Донибрук

1373

Сите ние со рацете да заплескаме и да повикаме: Пречиста Дево, која од изворот излеваш непресушни потоци, не престанувај да се молиш за твоите слуги постојано. (Од стихирите на празникот)


На 12 април, 2018 година, вечерта спроти Светол Петок, кога Црквата ги слави чудесата на Пресвета Богородица – Животодавен Извор и споменот на свештеномаченикот Ипатиј, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Викторија, беше отслужена Вечерна богослужба во сослужение на свештенството на Австралиско-новозеландската Епархија.

На богослужбата беше извршен чинот на осветување и благословување Петолебие. По богослужбата и Литијата, кај изворот на минерална вода во манастирот, посветен на Пресвета Богородица – Животодавен Извор, беше испеан Молебен канон кон Пресвета Богородица и извршен Водосвет.

По поросувањето со осветената вода и принесените прозби кон Божјата Мајка за исцеление и здравје на душите и телата, беше послужена вечера за свештенството и верниот народ.

Утредента, на 13 април, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија, на која верните се заблагодарија на Бога и се причестија со Светите Христови тајни.

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

   

Previous articleСветол Петок во црквата Свети Илија во Футскрај
Next articleСветол Петок во црквата Свети Никола во Перт