Седумнаесетта недела по Педесетница

203

На 20 октомври, 2024 година, во седумнаесеттата недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светите маченици Сергиј и Вакх и свети маченик Полихрониј, во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија. Богослужеше: протоереј – ставрофор Љупчо Каревски.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

По богослужбата и Светата Божествена Литургија, се одржа Неделното училиште за дечињата.

Previous articleЧетиринаесетта недела по Педесетница и неделно училиште во Футскрај
Next articleПрославен празникот на Преподобната Параскева – Петка во Мил Парк – Мелбурн