На 31 Октомври, 2024 година, вечерта, по повод храмовата слава, во Манастирот Св. Прохор Пчински во Донибрук, се отслужи празнична вечерна богослужба, едноцрквие.
Утредента, на 01 Ноември, 2024 година, се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија. На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По благословувањето на празничниот леб и колово, во манастирската сала беше послужена празнична трпеза.