На 21.11.2023 кога го празнуваме споменот на Светиот Архангел Михаил, во Соборниот храм „Рождество на Пресвета Богородица“ во Сиденхам – Мелбурн, парохискиот свештеник ереј Александар Николовски богослужеше Утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови.