На 13 април 2025 година, во Шестата Недела од Великиот Пост, Цветна Недела, кога се празнува Влегувањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
По Светата Божествена Литургија, се одржа Неделното училиште за децата.



