Човекот, во нивата на својата душа не треба да се труди напразно, туку да бдее над себеси за да не би дошле арамии: светот, ѓаволот, заговорот и смртта и да украдат сè.
Доаѓа светот и го зема данокот, привлекува со богатството, раскошот и славољубието.
Доаѓа сатаната – последни ги зема: чистотата, целомудроста, невиноста и стравот Божји. Доаѓа староста и смртта, човекот посакува да ожнее нешто од својата нива, но никаков плод не наоѓа. Само понекогаш во неговиот грешен живот имал намера да направи некое добро дело. И човекот жали што го проживеа својот век не здобивајќи добри дела за идниот живот.
Дојде смртта, и нема време за покајание, солзи и молитви.
Севастијан Картагински