На 08 октомври, 2023 година, во 18-тата Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на преподобната Ефросинија и на преподобниот Сергеј Радонешки, во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, Мелбурн, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија. Богослужеше и проповедаше протоереј – ставрофор Љупчо Каревски
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.