Во 5-та недела од Велигденскиот пост, посветена на преподобната Марија Египетска, во црквата Света Петка во Мил Парк се богослужеше Света Василиева Литургија. На литургијата беа принесени просфори кои минатата вечер беа месени од дечиња, членови на неделното црковно училиште, на возраст од 5-12 години. Тие подготвија и лепчиња за петолебие.
Радоста кај сите присутни на денешната богослужба беше неизмерна. Да се богослужи Света Литургија со просфори подготвени од дечиња е несекојдневен настан.
Господ денес нѐпочести со посебен благослов. Благословот и милоста Негова да бидат врз сите нас.