На 24 Март, во Петокот од Четвртата седмица на Велигденскиот пост, во црквата „Свети Илија“ во Футскрај, Мелбурн, се отслужи Мало повечерие со Акатист на Пресветата Владичица Богородица, а веднаш по Акатистот се изврши и чинот на благословување и осветување на петолебие.