На 17 Февруари, кога се празнува споменот на преподобните Исидор Пелусиот и Николај Исповедник, неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски-новозеландски г. Петар, во манастирот на Свети Прохор Пчински во Донибрук, богослужеше архиерејска Божествена Литургија. На литургијата сослужуваа свештениците од Епархијата, а беа присутни членовите и делегатите на Епархиското Собрание.
За време на литургијата, Митрополитот г. Петар, благоизволи, настојателката на манастирот Донибрук, монахињата Параскева, да ја произведе во игуменија.
По завршувањето на Литургијата, пред почетокот на Епархиското Собрание, беше извршено молитвословието „Призив на Светиот Дух“.
Епархиското собрание заседаваше во манастирската сала. На овогодинешното собрание беа избрани новите членови на Собранието, на телата и органите на МПЦЕАНЗ, како и делегатите на Архиепископскиот Црковно-народен Собор и Архиепископскиот Управен Одбор на Македонската Православна Црква. Донесени беа предлози и амандмани за измена и дополнување на Уставот на МПЦ, повеќе одлуки, резолуции и заклучоци.
По завршувањето на Собранието беше отслужена Вечерна богослужба.