Архиерејска литургија во манастирот Свети Прохор Пчински, Донибрук, Викторија

1486
На 29.08.2016 г., во Попразненството на празникот на Успението на Пресвета Богородица, кога го празнуваme споменот на Неракотворниот Образ на Господ Исус Христос и Преподобниот Јоаким Осоговски, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Преспански-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, отслужи Божествена Литургија во храмот на манастирот „Свети Прохор Пчински“ во Донибрук, Викторија.
Митрополитот г. Петар на Божествената Литургија благоволи да го ракоположи во свештенички чин ѓаконот Јанко Митрев и да изврши чин на осветување на Антиминси за црквите и манастирите во МПЦЕАНЗ.
На Литургијата верниот народ се причести со Христовите Тајни а по нејзиното завршувањето  беше послужена Трпеза на љубовта.
Истиот ден, во просториите на манастирот се одржа свештенички семинар на тема: „Светата Тајна Исповед и нејзината злоупотреба од страна на некои свештеници“.

 

Previous articleЕпархиски Црковен Суд на МПЦЕАНЗ, Црковно-канонски судски предмет бр.1/2016 – ПРЕСУДА, Гаврил Галев
Next articleСлужбен дел – Август/Септември 2016 г.