На 29 Јануари, 2017 година, кога Православната Црква ги чествува Чесните вериги на светиот Апостол Павле, во Соборната Црква „Раѓање на Пресвета Богородица“, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар богослужеше Света Архиерејска Литургија.
На Литургијата верниот народ се причести со Христовите Тајни.
Неговото Високопреосвештенство г. Петар, после завршувањето на Литургијата, благоволи да ги крсти и миропомаза Клои Монара и Николина Климовска од Мелбурн.
Каменот Христос, светло го прославува каменот на верата – првопрестолникот на учениците, бидејќи со чудеса ги повикува сите да ги прослават твоите чесни вериги, Петре, и дава прошка на гревовите. (Кондак на празникот, глас 2).