Богојавление во „Света Петка“ – Мил Парк, Мелбурн

1431

На Водокрст, 18-ти Јануари 2017, во црквата „Света Петка“  во Мил Парк се богослужеше Света Василиева Литургија на која верниот народ се причести со Светите Тајни. Потоа се изврши Водосвет.

На Богојавление, 19-ти Јануари 2017, се богослужеше Света Златоустова Литургија, на која исто така верниот народ се причести со Светите Тајни. Потоа се наддаваа иконите, на кој настан имаше голем одзив.

Во продолжение на празнувањето се изврши Големиот Богојавленски Водосвет. Од Светите води, крстот го извади Стивен Недановски. Стивен беше посебно радосен, бидеејки, според неговото кажување, тој неколку дена му се молел на Бога, да биде оној кој ќе го извади крстот на Водици. Очигледно дека Господ ја услиша неговата молитва.

Бог се јави – Навистина се јави.

20170119_Vodici_SvPetkaMillPark01_1 20170118_Vodokrst_SvPetkaMillPark_1 20170119_Vodici_SvPetkaMillPark05_1 20170119_Vodici_SvPetkaMillPark02_1 20170119_Vodici_SvPetkaMillPark03_1 20170119_Vodici_SvPetkaMillPark04_1

 

Previous articleThe water blessed on Theophany
Next articleДенес се радува сè зашто Бог се јави! – Богојавление во манастирот Донибрук, Мелбурн