Cветото Писмо

3071

Едно дете сакаше да го види Бога. Во еден топол летен ден тргнало со својот татко во блиската шума. По патот имале сериозен разговор.

-Татко, сакам да го видам Бога – детето ја изјавило својата пламена желба.

-Тоа не е можно – накратко му одговорил неговиот татко.

-Но, навистина сакам да Го видам и да разговарам со Него. Тој знае сè. Замислив што прашања да Го прашам.

-Добро! – се согласи таткото,  – погледни кон сонцето и подолго задржи го својот поглед. Таму ќе Го видиш.

-О, не можам. Моите очи не можат да издржат. Ќе ослепам – признало детето само по неколку секунди.

– Ти не можеш да го погледнеш сонцето, кое е создание. Како тогаш сакаш да го видиш Создателот Бог?

Детето разбрало, дека не може да го види Бога, но тоа не се помнирило целосно со тоа.

-Татко, како можам да научам нешто повеќе за Него? – запрашало повторно.

– Има една книга во која Бог на чуден начин им се јавил на луѓето. Таа книга е Библијата.

Библијата се нарекува Книга на книгите, бидејќи само таа ни дава точен одговор на најважните и најтешките прашања: Како произлегол светот и човекот, што е смислата на човечкиот живот и што станува со човекот по неговата смрт.

Бог избрал свети луѓе кои невидливо ги раководел и ги инспирирал да ја пишуваат вистината за Него. Оваа книга е света, зашто во неа Бог се открива на луѓето, и тоа онолку колку што можат да го разберат. Затоа треба да ја нарекуваме Светото Писмо.

Зборот “библија” е грчки и значи “книги”. Библијата навистина содржи многу книги – 77 на број. Се состои од два дела: Стар Завет и Новиот Завет. Зборот “завет” значи свештен договор помеѓу Бога и човекот.

Стариот завет има 50 книги. Тие ни раскажуваат за тоа како Бог го создал светот и човекот, за падот на првите луѓе во грев, за Божјото ветување да им испрати Спасител и за тоа како Бог низ вековите ги подготвувал луѓето да Го примат Синот Божји.

Новиот завет има 27 книги. Во нив е опишан животот на Господ Исус Христос, кој е Бог, кој слегол на земјата и примил човечки образ, за да ги научи луѓето на добро, да ги спаси од гревот и смртта.

Светата Библија е вистинска светлина за душата.

Има слепи луѓе кои се многу несреќни. Целиот живот тие не гледаат ништо. Но, уште е потажно, кога човек е слеп со својата душа и не го гледа Бога. Таквиот човек не знае како да живее, ниту зошто живее. Тој не знае дека има бесмртна душа. Животот го поминува како неразумните животни кои никогаш не си поставуваат прашања.

Но има и луѓе со слаб вид. Тие не ги гледаат толку јасно и прецизно предметите околу нив. И луѓето со слаб духовен вид се понезадоволни од нив. Тие површно веруваат во Бога, поради што лесно стануваат неверници. Гледањето на душата им ослабело и се замаглило, зашто многу ретко го барале Бога, толку јасно откриен во Светата Библија.

А има и луѓе кои се родени со здрав поглед, но се случила несреќа и нивните очи им се оштетиле. Многу е лошо кога ќе се случи несреќа со духовното гледање. Ова се случува откако ќе се изостави здравото учење за Бога и човекот ќе се сврти кон сектите кои погрешно учат за Бога.

Оние кои имаат изобличена вера исто така ја држат Библијата во свои раце, но ја толкуваат неправилно. Човекот е склон да греши. Затоа, пред да ја отвориме светата Книга, треба да се помолиме Бог да ни го просветли нашиот ум за да правилно го разбереме напишаното во неа.

Светота Библија е најстарата и најпопуларната книга во светот, преведена е на сите јазици. На старо-словенски и македонски јазик (З.П), ја преведоа светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици. Благодарение на нив, ние сега можеме да црпиме од овој непресушен извор на вечно бликачката духовна мудрост.

Го запрашале еден древен мудрец:

-Зошто постојано ги читаш Божествените книги, бидејќи од одамна добро ги познаваш?

– А ти зошто јадеш денес, откако вчера се насити?”

– Јас го правам тоа за да живеам – беше одговорот.

– Добро! И јас затоа ги читам, за да живеам – одговорил мудрецот.

Како што телото, изнемоштено од глад и жед, ако не се поткрепи со храна – умира, така и душата, ако не се храни и напојува со Словото Божјо, изнемоштува и умира.

Како што секој ден бараме храна и пијалок за нашето тело, така е неопходно и за нашата душа да бараме храна, пиење и утеха во Светото Писмо.

Монахиња Валентина (Друмева)

Извор: sveta-gora-zograph.com

Previous articleБлагодарете за сѐ оти таква е волјата Божја за вас
Next articleУште еден благословен работен ден во манастирот Донибрук