На 18 ноември, 2018 година, во културниот центар на манастирот Свети Прохор Пчински се одржа High Tea Fundraiser за манастирот. Акцијата за собирање на средства беше организирана од г-ѓа Донка Белевски со помош на повеќе пријателки на манастирот.
Собраните средства, во износ од 4,610 австралиски долари, ќе бидат наменети за набавка и изработка на мозаик – икона на светиот Прохор Пчински над влезната врата на новоизградената црква во манастирот.
Благодарност до сите учеснички во акцијата. Бог да им дарува небесни дарови!