Со песни како со венци да ги украсиме: Крстителот и Претеча, апостолите, пророците, мачениците и свештеноначалниците, испосниците и преподобните, заедно со богољубивите жени и сите праведни, и ангелските чинови, молејќи се, да ја примиме од Христа Бога нивната слава. (Светилен на сите светии)


На 11 јуни 2017 г., во Првата Недела по Педесетница, во која го славиме споменот на Сите Свети, и споменот на преподобната маченичка Теодосија и на светиот маченик Јован Солунски, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук се богослужеше неделна утрена богослужба и Света Златоустова Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Христовите тајни.

 

IMG_9535_1 IMG_9519_1 IMG_9521_1 IMG_9523_1 IMG_9525_1 IMG_9530_1

Previous articleThe importance of every moment
Next articleHumility is a gift of God