Пресвета Богородица – Живоносен извор, Вечерна богослужба и Молебен канон кон Богородица во манастирот Донибрук

2496

Сета моќ на смртта се уништи преку тебе, Царице и Владичице, бидејќи од тебе истече бесмртниот Цар,  Живата вода, Христос во вековите! (Песна од канонот на празникот Живоносен извор)


На 20 Април, вечерта спроти Светол Петок, кога ги славиме чудесата на Пресвета Богородица  – Животодавен извор, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, беше отслужена Вечерна богослужба во сослужение на свештенството на Австралиско-новозеландската Епархија.

На богослужбата беше извршен чинот на осветување и благословување Петолебие.

По богослужбата и Литијата, кај изворот на минерална вода во манастирот, посветен на Пресвета Богородица – Животодавен Извор, беше испеан Молебен канон кон Пресвета Богородица и извршен Водосвет.

По поросувањето со осветената вода и принесените прозби кон Божјата Мајка за исцеление и здравје на душите и телата, сестринството на манастирот послужи вечера за свештенството и верниот народ.

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

01_1 02 (2)_1 03_1 04_1 05_1 06_1 07_1 08_1 09_1 10_1 11 (2)_1 12_1 13_1 14_1 15_1 16_1 17_1 20_1 21_1 22_1 23_1 24_1 25_1 26_1 27_1 28 (2)_1 28 (3)_1 28_1 29 (2)_1 30 (2)_1  29_1 30_1 31_1 32_1 33_1 34 (2)_1 35 (2)_1 36_1 37 (2)_1 37_1 38 (2)_1 38_1 40_1 41_1 42_1 43_1

Previous articleВелигденските празнувања во Соборната црква Раѓање на Пресвета Богородица во Сиденхам
Next articleТомина Недела во манастирот Донибрук