Се јави Незаодната Светлина – Богојавление во црквата „Свети Никола“, Перт

1543

Господи, денес ѝ се јави на вселената, и Твојата светлина се покажа врз нас, кои разумно Ти пееме: Ти си дошол и си се јавил, Светлино непристапна (Кондак на празникот, глас 4.)

И ова 2017 Лето Господово,  МПЦО „Свети Никола“, со адреса на 69 Angove st., Западен Перт, го прослави големиот празник Богојавление. Се богослужеше Света Божествена Литургија на која верниците се причестија со светите Христови тајни. Следуваше големиот Богојавленски водосвет, по што многубројните празникољупци славејќи го Бога со црковна процесија (литија) стигнаа до брегот на реката Svan, во чии води беше спуштањето и фаќањето на Светиот Крст.

Oваа година најбрзо до Светиот Крст стигна шеснаесет годишниот Јован Маџоски од Перт а по потекло од Струга.

Бог се Јави!  Навистина се јави!

IMG_1091 IMG_1095 IMG_1102 IMG_1103 IMG_1107 IMG_1122 IMG_1125 IMG_1133 IMG_1135 IMG_1146 IMG_1151 IMG_1157 IMG_1160

Previous articleЗа Покајанието – старец Јероним Егински
Next articleВечерна и Архиерејска Литургија во манастирот во Донибрук