На 28 мај 2017 г., во Седмата недела по Воскресение, кога се празнува споменот на светите 318 богоносни отци учесници на Првиот Вселенски Собор во Никеја, кога се празнува и споменот на светиот Ахил Преспански и преподобниот Пахомиј Велики, во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул, Сиднеј, се богослужеше Неделна утрена богослужба и Света Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Телото и Крвта Христови.