Штом христијанинот ќе посака во своето надворешно и внатрешно дејствување да ги оствари евангелските Заповеди, тој ќе ја види својата повредена природа како упорно му се спротиставува на Евангелието.
Во светлината на Евангелието христијанинот во себе го гледа падот на човечкиот род.
Од таа глетка во него природно се раѓа смирено сфаќање за себе, кое во Евангелието се нарекува сиромаштво на духот (Мт.5,3).
Барај духовно сиромаштво. Барањето на тоа блаженство е достојно за секоја пофалба. Тоа е темел и дарител на сите блаженства.
Сиромаштвото на духот се пронаоѓа со изучувањето на Евангелието, со исполнување на неговите заповеди, со споредување на своите дела и особини со заповедите на Евангелието, со принудување на срцето на великодушно поднесување навреди, со самоукорување, со молитва за добивање на покајно и смирено срце.