На 29.09.2016 г., добивме документ од Австралиската добротворна и непрофитна Комисија, дека на име Македонска Православна Црква (Епархија за Австралија и Нов Зеланд), на 06.07.2016 г., е регистрирана Корпорација за доверителство, т. е., чување на доверен (во случајов, црковен) имот.
Добротворната организација поседува и свој австралиски број.
Во Актот се објаснува кои се придобивките на добротворната организација:
Целта на корпорацијата се одредува во клаузулата 1.1 – од Уставот, дека таа ќе биде за старателство за, или за цел на Епархијата, во согласност со верата, преданието (традицијата) и обредите на Македонската Православна Црква и на нејзините правила – закони (според Светите Канони на Православната Црква и Уставот на МПЦ, и прописите, Статутот, наредбите, правилата, правилнкот, како што се опишани) кои произлегуваат од Уставот (кој повремено може да се менува), кој е во сила на Епархијата, вклучително и Статутот на Епархијата.
Ние приложуваме дека оваа мисија е за добротворни цели, за цел, со која се унапредува религијата (под заглавје 12(1) д. од Добротворниот Закон) – цел која е претпоставена да биде за полза на јавноста во недостаток на доказ за спротивното (дел 7(д) од Добротворниот Закон). Согласно тоа, се приложува дека врз основа на погоре наведеното објаснување, Корпорацијата беше основана и ќе се развива за добротворни цели, што е од јавна полза.
Регистрацијата на Епархијата, со оваа добротворна корпорација, ќе ги опфаќа следните Австралиски земји:
- Австралиската главна територија (Канбера)
- Нов Јужен Велс
- Северната Територија
- Квинзланд
- Јужна Австралија
- Тасманија
- Викторија
- Западна Австралија
Црковниот имот во корпорацијата, кој претставува составен дела на Македонската Православна Црква, ќе го чуваат претставници на Епархијата, избрани од највисокото епархиско тело, Епархиското Собрание, согласно Статутот на Епархијата. Претставниците на корпорацијата се: свештени, свештеномонашки и мирски лица – лаици, легални членови на Епархиското собрание.