Тој стои на чело на Грузиската Православна Црква веќе 37 години, и до сега не го оставил своето секојдневно служење – пастирство и духовништво. За совет и молитва, кај него може да влезе секој верник, а бездомниците си наоѓаат прибежиште директно во зградата на патријаршијата. Тој оди по затворите и организира бесплатни ручеци за сиромасите. Третото дете во секое грузиско семејство станува кумашинче на Патријархот Илија – и такви ги има 14 илјади. Неговите портрети ги украсуваат домовите и канцелариите, за негово здравје се кажуваат здравици на секоја грузиска маса. За современа Грузија тој станал вистински библиски Патријарх. За тоа, каква улога одиграл во нивниот живот Патријархот Илија, во филмот раскажуваат познатите културни дејци во Грузија – Нани Бргваѕе, Нина Ананиашвили, Кахи Кавсаѕе, Нодар Мгалоблишвили.