Набожниот Јосиф, кога од крстот го симна Твоето пречисто тело, со плаштаница чиста го завитка, и со мириси го прекри, во нов гроб го положи (Тропар, глас 2)
На 14 Април во Светиот и Велик Петок, во манастирот Донибрук се отслужи Вечерна богослужба на која беше изнесена Христовата плаштаница.
Присутните се поклонија на Христовата плаштаница и го воспеаа Христовото доброволно погребение.
Господи Слава Ти!