На 15 Јануари 2017 година, во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Роклин, по повод Новогодишните и Божикните празнувања се одржа редовниот традиционаниот пикник.
На самиот ден беше отслужена Неделна утрена и света Божествена Литургија.
Светинаумовата манастирскa црква ја посетија многубројни поклоници кои се помолија на Светиот Наум за секое добро од Господа.
Во манастирскиот комплекс, многубројните гости, дојдени од сите страни на Австралија, имаа можност да го вкусат манастирското благословено гравче.
Во паркот наменет за рекреација празнувањето продолжи со изведба на традиционална македонска музика, ора и песни. Убава слика беше заедничкото играње на прекрасните македонски ора.
Најмладите дечиња, кои со своите родители беа дојдени во голем број, се јавија како донатори на средства кои ќе бидат наменети за обнова и изградба на нивното детско игралиште (play ground).
Народот се радуваше и веселеше и штедро даруваше. Беа собрани 26 000 австралиски долари – донација за манастирот.