На 4 и 5 Февруари, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар ја посети Македонската православна црква и црковна општина „Свети Никола“, 69 Angove st. во Северен Перт.
Во Саботата навечер беше одслужена Воскресна вечерна богослужба, а во Неделата на Цариникот и Фарисејот, кога го празнуваме и споменот на светиот свештеномаченик Климент Анкирски и светиот маченик Агатангел, во храмот се богослужеше Неделна утрена и Света Божествена Литургија.
Неговото високопреосвештенство Митрополитот г. Петар по повод Неделното евангелие изговори пригодна беседа, а верниот народ собран околу својот пастир заблагодари на Бога и се причести со светите Христови тајни.
По литургијата беше извршен Молебен за почеток на новата школска година. Радоста кај децата-ученици беше голема оти оваа година тие имаа можност да добијат архипастирски благослов од својот Архиереј.