„Villagе Games“ – традиционално – по трет пат се одржаа во манастирот во Донибрук

1323

На 2 декември, 2018 година, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, во организација на Македонската Добротворна Организација (MCWA), традиционално, по трет пат се одржаа „Village Games“ (Селските игри). Изведувањето на игрите, со учество на неколку десетици учесници на возраст од над 60 години, започна по отслужената неделна Света Литургија на повеќе локации во манастирот. На настанот свои презентации и обраќања имаа организаторите, кои и овој пат срдечно им се заблагодарија на учесниците во игрите. Сите посетители на пикникот беа послужени со посно манастирско гравче подготвено од волонтери при MCWA.

        

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Перт (27-ма Недела по Педесетница)
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај (27-ма Недела по Педесетница)