“И ги изведе надвор од Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови. И додека ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото; тие му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост. И беа постојано во храмот, каде Го прославуваа и благословуваа Бога со голема радост.” (Лука 24, 50 – 53.)
Во четвртокот на 25 мај 2017 година, четириесетиот ден по Христовото Воскресение, на празникот Вознесение Христово – Спасовден, во Соборната црква – Раѓање на Пресвета Богородица во Сиденхам, се богослужеше Света Златоустова Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Христовите Тајни.