На 12.03.2017 г., во Втората недела од Великиот пост – Неделата на Свети Григориј Палама, кога го празнуваме и споменот на преподобниот Прокопиј Декаполит и светиот Агатангел Битолски, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук се отслужи Неделна утрена и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Христовите тајни.