На 12.03.2017 г., во Втората Недела од Великиот пост – неделата на Свети Григориј Палама, кога се празнува споменот на преподобниот Прокопиј Декаполит и на свети Агатангел Битолски, во црквата Света Богородица Пречиста во Ливерпул, Сиднеј, се отслужи Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Христовите Тајни.