На 12.03.2017 г., во Втората недела од Великиот пост (на Свети Григориј Палама), кога се празнува споменот на преподобниот Прокопиј Декаполит и на светиот Агатангел Битолски, во Соборната црква Раѓање на Пресвета Богородица во Сиденхам, се отслужи Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ му се заблагодари на Бога и се причести со Христовите Тајни.