За искушенијата и Божјата промисла – Свети Игнатиј Брјанчанинов

1897

(извадок од писмото до Архимандритот Игнатиј (Василев)*

. . . Кога си мислам на Вас и на нашиот манастир, ми доаѓаат утешителни мисли: ништо не може да се случи без Божјата промисла. Така е и со Вас и со манастирот, сѐ што се случува е по Божја промисла. А на тие што ги љуби, Бог им праќа искушенија, а потоа им дозволува да се избават од нив. Наоѓајќи утеха во покајанието, брзаме да му се молиме на Бога, а добивајќи шанса за избавување од гревовите, ја зацврстуваме верата во Бога – вера која не е мртва или теориска, туку е жива и практична.

Во Вашата сегашна ситуација тешкотиите се неизбежни, но овие тешкотии Ви се многу полезни, тие се навистина неопходни бидејќи ќе Ви помогнат да се оформите. ,,Оној кој не е искушуван е невешт”, пишува во Светото Писмо. Оној кој е искушуван ќе ја добие круната на животот и ќе го добие дарот да им помага на другите кои се искушуваат. Верувај, и сите влкна на главата ти се избројани од Бога, а не па сѐ друго што ни се случува пред очите Негови. Плови и со кормилото на манастирот управувај со вера во Бога, со трпение и со страв Божји.

Кога некој е поставен на високо место, тој мора да гледа нагоре, а не надолу. Ако погледне надолу, тогаш веднаш ќе му се заврти во главата и ќе падне. Затоа гледај нагоре со вера во небесата, во промислата Божја, и нема да имаш вртоглавици и да паднеш во заблуда и очај што ќе се случи ако гледаш надолу т.е. кога наместо на молитвата и верата, ние се потпираме на нашето расудување и на желбата сѐ да решиме според нашите сфаќања. Христос нека е со тебе. Ве молам, молете се за мене со браќата.

Грешниот архимандрит Игнатиј

12.07.1847

* Напишано во периодот кога патувал, до архимандритот што бил поставен како негова замена додека е отсутен

Превод: Марија Трифуновска

Previous articleSelf-elevation is alienation from God – St. Dimitry of Rostov
Next articleWhere there is peace of thought God Himself resides