Начин да постанеме христијани

1801

Монашкиот живот е начин да постанеме христијани, да живееме христијански живот.

Монашкиот живот не е во правилата и ограничувањата ами во ослободувањето на себе преку кое ќе станеме едно тело со Христа.

Треба да одстраниме сѐ што ни пречи на патот да станеме како Христос. А што ни пречи на патот? Што треба да надминеме? Што ни ги уништува шансите за нашето спасение? Ние самите (нашето горделиво – јас).

Затоа монашкиот живот е устроен така, пред сѐ да мораме да го бараме Бога. Не себе или некој друг, не власт, моќ, позиција, слава, работа, ништо друго, освен Христос. За да можеме да кажеме како што кажа Апостолот Павле: „Веќе не живеам јас но Христос во мене.“

Отец Јоаким Парр

Previous articleПреображение Господово во црквата Свети Илија во Футскрај, Мелбурн
Next article11 - та Недела по Педесетница - Света Божествена Литургија во манастирот Донибрук