Приказна за навредите

2643

Еден човек дошол кај некој старец (монах) и гледајќи ја неговата крајна незлобливост го прашал: „Ти си толку мудар, ти си секогаш добро расположен, никогаш не се озлобуваш. Помогни ми и мене да бидам таков“.

Старецот се согласил и го замолил човекот да донесе компир и проѕирна вреќа – „Ако на некого се озлобиш и ја сокриеш навредата“, рекол старецот, „земи компир, напиши го на него човекот со кој си имал конфликт, и стави го тој компир во вреќата“.

-„И тоа е сè?“, во недоумица прашал човекот. – „Не“, одговорил старецот. „Треба секогаш таа вреќа да ја носиш со себе. И секогаш кога некого ќе навредиш, додавај во вреќата уште еден компир“.

Човекот се согласил. Поминало извесно време. Неговата вреќа се наполнила со многу компири и станала прилично тешка. Било многу непријатно постојано да ја носи со себе. Освен тоа, компирите што ги имал ставено на самиот почеток се расипале. Некои про’ртиле, некои се распукале и давале непријатен остар мирис.

Тогаш човекот повторно отишол кај старецот и му рекол: „Невозможно е оваа вреќа да ја носам со себе. Како прво стана претешка, а како второ компирот се расипа. Предложи ми нешто друго“.

Но старецот одговорил: „Тоа исто се случува и во човечката душа. Само што ние не го забележуваме тоа веднаш. Постапките се претвораат во навики, навиките во карактер, кои раѓа лоши пороци. Јас само ти дадов можност целиот тој процес да го набљудуваш од страна. Секогаш кога ќе се решиш да се навредиш, или напротив да навредиш некого, само размисли дали ти е потребен тој товар“.

Извор: Вистина, Гласник на Преспанско – пелагониската епархија, 83, Битола, 2014

Previous articleДа ја поставиме во срцето Божјата љубов
Next articleВечерна богослужба и Света Литургија во црквата Света Петка во Мил Парк