Австралиско-новозеландската епархија стана одобрен провајдер за Специјално верско образование (СРЕ) на Министерството за образование на Нов Јужен Велс

8055

Македонската православна црква – Епархија за Австралија и Нов Зеланд, на 17 септември, стана одобрен провајдер за православна веронаука во рамките на програмата „Специјално верско образование (СРЕ)“ на Министерството за образование на Нов Јужен Велс.

Од Православните цркви во Австралија, покрај нашата МПЦЕАНЗ, одобрени провајдери по православна веронаука во Нов Јужен Велс се: Грчката Православна Архиепископија на Австралија и Српската Православна Митрополија за Австралија и Нов Зеланд.

https://education.nsw.gov.au/teaching-and-learning/curriculum/learning-across-the-curriculum/religion-and-ethics/approved-sre-see-providers

Специјалното верско образование (СРЕ) може да се обезбедува само од религиозна верска организација одобрена од Министерството за образование.

Нашата МПЦЕАНЗ, се здоби со право да спроведува настава по Православна веронаука за православни ученици – македонци во државните училишта во Нов Јужен Велс, откако со благослов на Надлежниот Митрополит г.Петар успешно ја подготви апликацијата и ги исполни сите потребни критериуми поставени од Министерството за образование на Нов Јужен Велс.

Специјалното верско образование (СРЕ) е доброволна програма во државните училишта во Нов Јужен Велс. Учеството е бесплатно и целосно доброволно и по избор на родителите или старателите.

Програмата на МПЦЕАНЗ во Државните училишта ќе го надополнува општото образование на македонските православни деца. Лекциите вклучуваат многу повеќе од библиско знаење. Тие ќе помогнат да се развие чувството на верата на секое дете во согласност со православното христијанство. Децата ќе стекнат фундаментално знаење за својата Православна вера, православниот христијански идентитет и начин на живот.

Учителите – предавачи на програмата се волонтери кои се одобрени, овластени и обучени од локалната парохија и Австралиско-новозеландската епархија. Овластените предавачи ќе ја предаваат одобрената Наставна програма (од 1 до 6 одделение) подготвена од Епархискиот просветен совет на МПЦЕАНЗ.

За да побарате дополнителни информации, посетете ја страницата на SRE на МПЦЕАНЗ на следниот линк: https://www.mocdanz.org.au/en_AU/oce/sre/

Од Канцеларијата на МПЦЕАНЗ

Previous articleУспешна донаторска акција за комплетирање на Парохискиот културен центар во Сиденхам
Next articleПравославна веронаука за македонските ученици во државните училишта во Нов Јужен Велс, Австралија