Литургија и 'live streaming': две нешта што не одат заедно

2590

Со избувнувањето на Коронавирусот, постојано слушаме повици од многу архиереи и свештеници, да се практикува социјалното дистанцирање, да се избегнува присуството на Литургиите и да се заменат со гледање на емитуваните во живо (live-streaming) литургиски служби. Дали е тоа добар совет?

Иако привременото отсуство од литургиските служби може да биде неопходен дел од нашата одговорност за спречување на ширењето на вирусот, духовната ефикасност на емитување на литургиите во живо е сериозно сомнителна. Да, преносот во живо на Литургијата може да биде од корист и за употреба во одредени околности, како на пример за оние кои се тешко болни, во кревет или премногу слаби за да направат било што друго освен да гледаат во телевизорот или компјутерскиот монитор. Секако, постои можност химнографијата што се пее на службите при преносот во живо подобро да ја слушнат оние што инаку би биле невнимателни доколку се физички присутни. Многумина имаат корист од време на време да гледаат литургиски служби снимени на YouTube кои се многу едукативни и честопати длабоко инспиративни. Зошто, тогаш, снимените или преносите во живо би претставувале духовна опасност, особено во ова време на тешка болест и вознемиреност?

Одговорот е затоа што при гледањето на литургиска служба на овој начин, помеѓу гледачот и свештенослужителот на службата стои уште една дополнителна бариера – екранот. Овој елемент, и држењето на телото што е неминовно е предизвикано кај гледачот, е симптоматичен, а и самиот проблем – што Литургијата преставува за модерниот човек?

Со гледањето во монитор за да видиме нешто што го мислиме, наместо активно да учествуваме во неа, Литургијата уште еднаш ќе биде погрешно разбрана и злоупотребена од гледачот. Наместо тој како член на соборното Телото Христово да биде активно ангажиран и да се манифестира сета полнота, компјутерот ја распаѓа единственоста на Литургијата во изолација, раздвојување и поделба. Навистина, Коронавирусот започнува разурнувачки напад врз Литургијата испревртувајќи ја смислата на Литургија. Ние со нашите браќа учесници во Литургијата би требало да си ги допираме рамењата, а не да се држиме на растојание од шест стапки. Ние би требало да застанеме заедно и поблиску за ги изедначиме меѓусебно гласовите на црковната химна, и притоа воопшто да не се грижиме за ширењето на инфекцијата. Ние би требало да го споделиме оброкот со нашите браќа и сестри, дури да ги споделиме и садовите, а не да јадеме индивудуално и во совршено хигиенско лабораториско опкружување. Литургијата е одраз на самиот живот, што не е ниту совршено уреден ниту чист. А Литургијата – правилно, суштински разбрана – е наменета да биде дејствие, а не презентација, претстава, реклама, Таа е соборно, корпоративно, а не индивидуално дејствие. Мораме да бориме, да соработуваме и да дејствуваме заедно за да соборно му ги принесеме како принос пред Бога оние нешта за кои што Тој нè благослови да ги споделуваме во овој живот.

Компјутерскиот монитор, како раскажувачки симбол на модерното, едноставно продолжува и го засилува оддалечувањето од Литургијата, искуство што веќе повеќепати имавме можност да го доживееме. Факт е дека за многумина од Лаиците (народот) Литургијата е досадна, премногу долга, неразбирлива (некомпактибилна) и исклучена од секојдневниот живот. Од перспектива на целосна пасивност, Литургијата повеќе изгледа како нешто што треба да се гледа наместо да е нешто што треба да се прави. Литургијата е чудна должност од која модерниот човек што е можно побрзо треба да се ослободи. Таков е современиот човек, мрзеливо седнат во фотеља со прекрстени нозе и поглед кон часовникот, кој е целосно бесчуствителен и безсвесен за разлогот, целта и длабоката потреба за литургиско учество и дејствување. Можеби на ваквата исцедена и прегорена личност (кој е секој од нас) требаше токму ваква трагедија да ѝ се случи како предупредување, за да ја разбуди во секого свесноста за нашата целосна зависност од од Божјата милост и од Бог како извор и краен арбитер на животот.

Е сега, ако ова не битното искуство на Литургијата што некои, или многумина го имаат кога се збиднува меѓу ѕидовите на храмот, какво искуство се надеваме да имаме од Литургијата кога ќе треба во нашите домови да живееме –  Литургија после Литургија? Најпрво, мора со длабоко жалење да признаеме дека за многу православни христијани, домот едноставно не е место за молитва. Ние го исфрливме обичајот и навиката на молитва во домот. И ако сепак настојуваме да одржуваме катче со икони во нашите домови, тоа за многумина останува да биде само културно украсување, но не и живо место за молитва. За оние што редовно ја практикуваат дневната молитва во домот, од искуство знаат дека молитвата што на единствен начин се извршува, по дефиниција е работа (дејствие) и напор. Потребно е определено време и напор за да застанеме пред светите икони, за да се поклонуваме, за да гласно да ги читаме молитвите и да ги споменуваме имињата на нашите најблиски. И токму ова време и напор ја поврзува нашата индивидуална, приватна молитва со соборната, заедничка и јавната молитва на Црквата. Потпирањето врз молитвите од молитвеникот е она што нè соединува кон Светото Предание на Црквата и ги обликува нашите мисли и перцепции. И, затоа претставува голема иронијата, кога сме соочени со една меѓународна закана по нашето здравје и благосостојба, некои архиереи да се задоволни што есноставно ќе го предложат гледањето на литургиските служби за „вежбање“ на личната молитва, наместо да ги упатат верниците да се поклонуваат и спрострат себе си пред Бога. Главниот проблем и изненадување е во тоа што нашата пасивност и целосниот недостаток на ангажман, се предлага како решението за проблемот.

Но, постои и потемна страна на гледање на Интернет. Гледаме како преку овој медиум на лесен и прикриен начин сеприсутно се шири злото. Сцените од најсветите моменти од животот се заробени и злоупотребени на најпрофан (безбожен) начин. Интимните и увави нешта се изопачени и објективизирани чисто заради сензуално задоволство. И сега се предлага нешто што е исклучително свето – самата Литургија – да се гледа на интернет. Сепак, забораваме дека Литургијата има одредени барања од човекот. Нашата богослужба бара физичка присутност за што не може да има компромис. Влегуваме во Црквата (конкретно место) и ставаме запалени свеќи пред иконите. Ги мирисаме пчелиниот восок и темјан. Ѓаконот не повикува да ги приклониме главите пред Господа, и ние тоа го правиме. Свештеникот го воздигнува Агнецот, го прекршува и го става во Путирот, заправо да можеме да го јадеме, а не да го гледаме. Но, сега, од било која причина, не можам да ги исполнам човечките барања на собирот и синаксисот. Наместо да признаам дека сум негиран и дека тоа нешто што е неискажливо и незаменливо, во мојот модерен, паднат инстинкт претпочитам да ги имам истите чувства што би ги имал доколку околностите ми дозволат да го направам потребното дело (т.е. Литургијата), дури и кога не можам или нема да го сторам тоа. Па токму затоа, создавам вештачки свет на слики со цел да се задоволам и да ги произведувам тие чувства. Но, целта на Литургијата не е во тоа. Иако таа може да предизвика длабоки емоционални чувства кај верникот, целта на Литургијата е да го повика човештвото кон повисока и поблагородна реалност, умна реалност во која ги препознаваме ограничувањата на уметничкиот живот и искуство. Патот кон оваа умна (ноетска) реалност, сепак, не е преку супституирање или со објективизација, туку со воздржаност на страстите, борба и аскетизам. Барем тоа е она што ни го велат светителите.

Ние заборавивме дека Литургијата е Мистерија, Тајна. За време моето прво ракополагање, фотографирањето беше дозволено, но сепак тогаш имаше такви што се сеќаваа дека не многу одамна не беше дозволено во Црквата. Богослужбите се свети и забраната за нивно фотографирање имаше за цел да ја зачува нивната светост, да го спречи нивното прикажување како нешто што е вообичаено, секојдневно или банално. Навистина, нешто се губи кога вештачки го репродуцираме она што е чисто, автентично и оригинално во животот.

Коронавирусот е сериозна закана за нашето здравје. Многумина страдаа и умреа како резултат на тоа, и да бидам искрен, најверојатно наредните месеци уште повеќе ќе страдаат. Дел од ова страдание подразбира и крај на нашите животи, нашата работа, нашите прославувања, нашата економија. Потребно е да ги жалиме овие загуби, а не да ги прекриеме со предизвикана нормалност. Нашата загуба на можноста да ја совршуваме Литургијата редовно и во прородната фрекфентност е исто така дел од ова страдање. Треба да го признаеме тоа и потоа да ја пренасочиме нашата тага во побожна молитва кон Бога, спроведена во нашите домови и пред светите икони, во согласност со Преданието и по молитвите на нашите Свети Отци.

Протоереј Јован Клингел

извор:orthodox.ru

Previous articleПандемијата на грипот и Светата Причест
Next articleСоопштение на САС на МПЦ-ОА (06.04.2020)