Љубовта кон Христос е и љубов кон сите, кон ближниот и непријателите

2481

Една треба да е нашата цел: Љубовта кон Бога, кон Црквата, кон Ближниот. Љубовта, служењето на Бога, копнежот, соединувањето со Христа и со Црквата е рај на земјата. Љубовта кон Христос е и љубов кон ближниот, кон сите, и кон непријателите. Христијанинот боледува за сите, сака сите да се спасат, сите да го вкусат Царството Божјо. Тоа е христијанството. Преку љубовта кон братот ние ќе успееме да Го возљубиме Бога. Ако тоа го посакуваме, ако го бараме и ако сме достојни, тогаш Божјата благодат доаѓа преку братот. Кога го љубиме братот, ние ја љубиме Црквата, односно Го љубиме Христа. Во Црквата сме и ние, а тоа значи дека која ја љубиме Црквата ние се љубиме и себеси.

Преподобен Порфириј Кавсокаливитски

 

Previous articleМолитва на старец Софрониј (Сахаров)
Next articleСветоста на родителите е најдоброто воспитување во Господа