„Ќе те чекам во Самтавро“ - чудо на старец Гаврил Ургебадзе

3333

Ја запознав Елена Гетсазде на Аеродромот во Тбилиси (Грузија) сосема случајно. Taa ми го привлече вниманието со тоа што постојано се крстеше и ја бакнуваше иконата на старецот Гаврил Ургебадзе. Тоа беше во 2015 година. И пријдов, и дадов икона и масло осветено на гробот на старецот Гаврил, и започнав да зборувам со неа:

„Сите толку многу го сакаат!“

„Поинаку и не може да биде“ – со насмевка одговори Елена. А потоа ми ја раскажа својата приказна која врз мене остави силен впечаток и ја зацврсти мојата вера во Господовото величие. Ќе го споделам сведоштвото и со вас драги читатели.

Се присетува Елена:

„Во Фебруари 2010 година, мојот помал син се онесвестил на училиште. Наставникот викнал брза помош и моето дете навреме било однесено во болница. Кога стасав во болницата и го видов мојот син во многу тешка состојба и самата се онесвестив. Кога се освестував и ги отворав очите видов свештеник во црна мантија над мене кој им помагаше на сестрите од болницата. Наеднаш ме погледна и ми рече дека ќе ме чека во Самтавро. Во тој момент не обрнував внимание ни на него ниту на неговите зборови.

Набрзо ми ги покажаа резултатите од тестовите и компјутерската томографска снимка на мозокот на мојот син покажуваше дека на тој има малиген тумур со метастази. Грузиските доктори одбиваа да извршат операција на моето дете и нѐ советуваа да продадеме сѐ што имаме, и да одиме во Германија или во Израел на операција. Оваа лекарска одлука ме фрли во очајание. Започнав да се подготвувам за заминување со мсилата да продадам сѐ и што побрзо да заминеме во Германија, кога одеднаш во собата за реанимација здогледав фотографија која висеше на ѕидот од собата. На нејзе беше човекот кој им помагаше на сестрите да ме вратат од несвестицата! Ги запрашав кој е тој, на што тие рекоа, дека тоа е Старецот, човек кој поседувал вонредни духовни дарови, на чиј гроб се случиле многубројни исцеленија.

Останав без зборови, дотолку што не можев ни на доктортите да има кажам дека го видов во болницата! Решив без одлагање да одам во Мцхет. Прашував каде е Гробот на старецот. Ми беше кажано дека се наоѓа во центарот на Мцхет во манастирот Самтавро! „Самтавро“ … Тоа беше оној збор што старецот ми го изговори во болницата… И одеднаш сѐ ми постана јасно: Не чекав ни минута, морав веднаш да заминам на гробот на Старецот. Така и направив.

Го поведов и мојот син и бев изненадена од она што го видов: таму имаше многу верници, кои клечеа пред гробот, ги симнуваа своите прстени и крстови и ги полагаа на земјата. Го молев старецот за помош, што побрзо да ја продадеме куќата и да заминеме на операција во Германија.

Следниот ден, на мојот син повторно му се влоши состојбата. Повторно се онесвести и беше однесен во болницата, овојпат беше приклучен на итравезно лекување. Инсистирав повторно да се направи скенирање на главата на мојот син за да дознаеме колку напредувалаболеста. Тогаш му направија повторно снимање.

Времето минуваше и добивањето на резултатите се одлагаше,  бев страшно загрижена и вознемирена. Одеднаш бев повикана кај докторот во собата за консултации каде бев информирана:

„Госпоѓо Елено, имаме добри вести за вас, иако не можеме да го објасниме овој феномен. Со вашето дете апсолутно сѐ е во ред – нема ни трага од туморот на мозокот ниту од метастазите! Направивме и две посебни скенирања а за да бидеме сигурни повторно ги проверивме резултатите, но повторно ништо не пронајдовме! А резултатите од претходното скенирање биле потполно поинакви. Од медицинска гледна точка ова е необјасниво!“

Радосно извикав и повторно се онесвестив. Одеднаж повторно го видов истиот свештеник – нашиот старец Гаврил, кој се насмевнуваше и сите нѐ прекрстуваше.

Додека доаѓав при свест, она што го доживеав го споделив со лекарите и сестрите кои со трепет ме слушаа и плачеа! Плачеа и се заблагодаруваа на Бога за таквото велико и непредвидливо чудо!

Јас, пак, после овој чудесен настан, започнав да одам во црква, и секој ден му заблагодаруваме на старецот Гаврил и секојдневно го читаме акатистот на овој чудесен подвижник, кој им помага на оние што страдаат и се застапува за нас во Царството Небесно!“

Сведоштво на Елена Гетсадзе

Извор: www.monkgabriel.ge

Previous articleМолитвено прославен преподобниот Прохор Пчински во неговиот манастир во Донибрук
Next articleСвета Тајна Покајание