На 20 Август 2017 година, во 11-тата Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на преподобниот маченик Дометиј и преподобниот Пимен Многустрадален, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, г. Петар, богослужеше Света Божествена Литургија и проповедаше во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул, Сиднеј.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и причести со Светите Христови Тајни.