Благословен почеток на нови градежни работи во Свети Илија, Футскрај

3075

На 29 септември во Попразненството на празникот Воздигнување на Чесниот и Животворен Крст, со благослов на надлежниот Архиереј, во црквата Свети Илија во Футскрај започнаа градежните работи на новата Влезна порта, која е заедничка за двете цркви на Црковната општина: Црквата на светиот пророк Илија и црквата на светите Седмочисленици и светиот исцелител Пантелејмон.

Истиот ден започнаа и градежните работи на изградбата на Музејската галерија и збирка на црквата во Футскрај.

Во тековните работите со голема љубов се вклучија голем број парохијани од сите возрасти.

Previous articleПравославна Младинска Група - Црква Свети Илија, Футскрај
Next articleПресвета Богородица ме воскресна со силата на Син ѝ