На 4 декември, 2017 година, во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул, Сиднеј, беше прославен храмовиот празник Воведение на Пресвета Богородица во храмот (Пречиста), се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.