На 18 Јуни 2017 година, во Втората Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светиот свештеномаченик Доротеј и преподобниот Теодор Пустиник, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, се богослужеше неделна утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.