Господ никојпат не нè остава

2381

Во еден древен византиски ракопис е забележан еден утешен расказ на еден свет старец:

„Некој ми кажа, дека еден човек често се молел на Бога, Тој да не го остава во животот, и како што некогаш Господ врвел со своите ученици по патот за Емаус, така и со него да врви по патот на неговиот живот.

На крајот од животот човекот имал видение. Тој видел дека минува по песочниот раб на океанот (се има предвид океанот на вечноста, брег по кој преминува и патот на смертта). И погледнувајќи назад, тој во далечината ги видел отпечатоците на своите стапки врз мекиот песок. Тоа бил патот што го поминал низ својот живот. До отпечатоците на неговите стапки, имало уште едни отпечатени стапки, и тој разбрал, дека Господ бил со него во животот кога Му се молел. Но, на едно место кадешто патот бил пресечен, тој видел само еден број на стапки, кој биле длабоко биле отпечатени во песокот, видливо покажувајќи ја тежината на патот во тоа време. Човекот си спомнал, дека тој е моментот од животот кога му било особено тешко и кога животот му бил неподнослив, тежок и мачен.

И човекот му приговорил на Господ:

– Ете гледаш Господи, во најтешките моменти од мојот живот Ти не си бил до мене; Гледаш дека стапките се само на еден човек, што значи, дека во тие времиња јас сам сум врвел по животниот пат, а можеш да видиш и дека стапките се длабоко врежани во песокот заради тешкотијата низ што врвев.

Но Господ му одговорил:

– Сине мој, грешиш. Навистина ти гледаш отпечатоци од стапки на еден човек во моментот од твојот живот што си го запомнил како најтежок. Но, тоа не се твоите отпечатоци, туку Моите – затоа што во тешките моменти од твојот живот те носев во рацете.“

 

Previous articleСвета Литургија во црквата Света Злата Мегленска во Хоперс Кросинг (27-ма Недела по Педесетница)
Next articleContending for the Orthodox Faith