За вистинските и лажните духовници - Монах Симеон Атонски

3104

Вистинскиот духовен отец ги води луѓето кон Христа, лажните духовници ги врзуваат луѓето за себе.

Вистинскиот духовен отец ги учи луѓето да живеат со Христос – лажните духовници ги учат луѓето да го посветат својот живот на духовниците.

Вистинскиот духовен отец е исполнет со Христос, лажните духовници се полни со цитати и високоумие.

Вистинскиот духовен отец им открива на луѓето како да го возљубат Христос со сето свое срце и со сета своја душа, лажните духовници ги учат како добро да се прилагодат во овој свет.

Вистинскиот духовен отец живее според Божјата волја, и сите околу него го следат неговиот пример, лажните духовници даваат аргументи и убедувања, но никој околу нив не учи како да живее во Христа.

Вистинскиот духовник целосно го утврдил својот ум во Христа и сите околу него добиваат претстава како да го постигнат тоа, лажните духовници учат и поучуваат, но срцата на нивните ближни им остануваат празни.

Вистинскиот духовник е тивок и скромен, и сите околу него се луѓе кои се кротки и спокојни – лажните духовници се самоуверени и моќни, а околу нив – смут и конфузија.

Вистинскиот духовен отец ги учи со своите ближни како да пребиваат во благодат – лажните свештеници ги учат како да ги постигнат минливите цели на овој свет и зад себе оставаат распаѓање.

Вистинскиот духовник духовните чеда ги учи на живот во Царството Небесно – лажните духовници ги учат за животот во земното царство.

Вистинскиот духовен отец го привлекува вниманието на срцата на ближните, лажните духовници гледаат во нивните џебови.

Духовниот отец не е помошник во бракови и разводи, туку во постигнувањето на Спасението.

Не е лесно да се најде редок минерал во планините, не е лесно меѓу многуте свештеници – духовници да се најде вистинскиот.

Колку и да се трудиме да најдеме најдобар духовен отец, наместо тоа, изборот ќе го направат нашите сопствени слабости и страсти.

Способноста да се најде достоен духовен отец е во способноста да бидеш достоен послушник (почетник).

Монах Симеон Атонски

Извор: bg-patriarshia.bg

Previous articleСпасение и погибел
Next articleОдбележан 20 годишниот јубилеј на МПЦО Св. Злата Мегленска во Хоперс Кросинг, Мелбурн