Интервју со Бога

2391

Еднаш, сонував дека го интервјуирам Бога.

Значи, сакаш да направиш интервју со Мене? – ми се обрати Бог.

Да! Би сакал, но, ако имаш време, – Му реков.

Бог се насмевна и ми рече:

Моето време е вечноста. А што би сакал да ме прашаш?

– Што најповеќе Те изненадува кај луѓето?

Бог ми одговори: – Тоа што, детството им станува досадно, па им се брза да пораснат, а подоцна мечтаат повторно да бидат деца. Луѓето, многу мечтаат за иднината, при што забораваат на сегашноста, и тоа во толкава мера што не живеат ниту во сегашноста, ниту во иднината. Живеат така, како никогаш да нема да умрат, а умираат, како никогаш и да не живееле.

Нежно ме фати за рака, па некое време сме молчеле. А тогаш, Го запрашав:

– Кои животни лекции, како Родител, би сакал да ги научат Твоите деца?

– Би сакал да знаат дека невозможно е да го натераш некој да те сака. Сè што можат да направат е да дозволи да бидат сакани и да сакаат. Би сакал да знаат, дека не е добро да се споредуваат себеси со другите. И, да се учат да простуваат. И нека имаат на ум, дека, да се повреди и рани саканиот човек можно е за само неколку секунди, но за да се залечат тие рани, понекогаш им се потребни и по неколку години. Секогаш нека имаат на ум, дека не е богат оној кој има повеќе, туку оној кој се задоволува со малку. Би сакал да знаат, дека постојат луѓе кои силно сакаат, но не знаат да ги искажат и да ги покажат своите чувства. Би сакал да знаат, дека двајца луѓе, можат да гледаат на една иста работа, но сепак да ја гледаат на различни начини. И нека знаат, дека не е доволно само тоа, да си простуваат еден на друг, туку да си простат и самите на себе.

– Ти благодарам за Твоето време кое ми го подари – Му реков со стравопочит.

– Дали сакаш уште нешто да им порачаш на Своите деца?

Бог се насмевна и ми рече:

Би сакал да знаат, дека за нив, секогаш сум тука. Секогаш и засекогаш.

Извор: Вистина, Гласник на Преспанско-пелагониската епархија, 75, Битола, 2012

Previous articleСвета Литургија во манастирот Роклин
Next articleОднесувањето во храмот