Како да се поднесуваат искушенијата и страдањата

1881

Ако ги отфрлиш искушенијата и страдањата, кои по Божјо допуштање те затекнуваат, ќе надојдат уште поголеми. Од искушенијата постои само едно прибежиште – да ги трпиш.
Со отпор и тврдоглавост ништо не се постигнува, само ќе ги умножиш и на крајот ќе те победат.
Бидете како трска: кога надоаѓа ветер, трската се свиткува, а кога ќе замине таа се исправа.
Искушенијата и неволјите го прават човекот смирен, а ништо не е поголемо од смирението. Затоа, кога искушенијата ќе надојдат треба да се прегрнат, така речено, да се стават под пазуви, а ако тие се засилат и те заобиколат како море, тогаш наполни ги очите со солзи и пливај во нив.
Голема е Господовата благодат да се трпат искушенијата, како што говори и Апостолот: „Вам ви е дадено не само да верувате во Христа туку и да страдате заради него, зашто во Божјото царство се влегува преку многу страдања.

Старец Аврамиј Светогорец

Previous articleСвета Литургија во црквата Светa Богородица - Пречиста, Ливерпул, Сиднеј
Next articleНеуловено од непријателските мрежи